ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 300 г мелено месо
* 1 јајце
* 5 лажици презла
* 5 лажици пармезан
* малку сол, црн пипер
* 150 г кашкавал (сечкан на коцки)
* 150 г кулен (сечкан на подебели парчиња)
* малку стар леб (сечкан на коцки)
* презла, брашно (за похување)
* јајце (за похување)
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во сад за готвење ставете го меленото месо, додатете јаце, презла, пармезан, сол и црн пипер. Мешајте се додека не се соедини смесата. Од неа формирајте кофтиња. Лепчето, кашкавалот и саламата исечкајте ги приближно исто.
На стапчињата за ражнич набоцкјате ги сите состојки. Започнете со леб, кашкавал, салама, кофте па процедурата повторете ја. Готовите ражници извалкајте ги во јајце и презла помешана со брашно.
Пржете ги на јак оган неколку мунити, па потоа добро исцедете ги на кујнска хартија. Послужете ги со пеле, барен или пржен кромид. Бон апетит.
