Полноќно сонце : природен феномен кој се случува во летните месеци северно од арктичкиот круг и јужно од антарктикот каде што никогаш сонцето целосно не заоѓа и останува видливо 24 часа на ден.
Ова кратко видео е снимено за време на полноќното сонце во Исланд во јуни 2011 година.
“17 дена патував соло низ целиот остров, снимав речиси 24 часа, спиев во автомобилот и јадев секогаш кога имав време” – вели снимателот на ова видео. За време снимањето на овој филм направив 38 000 слики, патував околу 2900 милји и ги видов некои од најпознатите неверојатни, прекрасни и неописиви пејзажи на планетава. Исланд е апсолутно една од најубавите и невообичаени места што воопшто можете да си ги замислите. Особено за време на полноќното сонце кога пејзажот е многу необичен и многу спектакуларен.
Исланд за време на полноќното сонце е во вид на постојана состојба на зајдисонце. Сонцето никогаш не заоѓа целосно и патува хоризонтално низ хоризонтот во текот на ноќта.
Мора да го посетите Исланд во текот на вашиот живот. Нема да зажалите.
