Дестинации

Поминете ден на Менхетн – делот од Њујорк кој никогаш не спие !

Менхетн е брз и динамичен, интересен и кога е здодевно, разнолик и кога е монотоно… И кога веќе сте помислиле дека ги знаете сите точки од срцето на Њујорк, верувајте дека сте погрешиле…

Да се прикаже во видео од пет минути, неразделната нишка на Њујорк, квартот Менхетн, навистина не е едноставно, но американскиот фотограф Камерон Мајкл имаше таква намера, едноставно, му „ појде од рака“ и успеа !!! Навистина успеа да ги спои милијардите бои на Менхетн, да го доближи и предаде на вљубениците во долгите улични приказни, да го спакува со спомен кој со задоволство ќе го памети местото каде што се „ измислени соништата“… и каде што се остваруваат !!!

„ Тhe Manhattan Project“ е името на timelapse видеото кое доловува како изгледа еден обичен ден на Менхетн. Всушност, ни најмалку не е обичен…

Напиши коментар