Motherhood

Помогнете му на вашето дете побрзо да прозбори

Како да им помогнете на бебињата што побрзо да ги развијат говорните вештини и да почнат да зборуваат на разбирлив јазик? Последниве децении како што покажуваат истражувањата, децата сè подоцна почнуваат да ги говорот првите смислени зборови.

Родителите токму поради ова се многу збунети, бидејќи поединци дури по третата година почнуваат да изговараат подолги реченици, а до тогаш само гугаат или зборуваат на “свој јазик”, иако е јасно дека го разбираат она што родителите им го кажуваат.

Затоа сè почесто загрижените родители бараат помош од логопед, а еве што психолозите и дефектолозите препорачуваат:

Како што некои луѓе се зборливи, а некои потивки, така и некои деца почнуваат да зборуваат пред да проодат, а други доста подоцна. Сепак, децата со кои постојатно се разговара, имаат тенденција побрзо да прозборат и самите тие. Најбрзо започнуваат да зборуваат дечињата чии родители, посебно мајките, постојано им зборуваат додека ги ранат, капат, заспиваат, додека се играат со нив, додека ги пресоблекуваат, шетаат…

Разговорот во овие прилики го смируваат и опуштаат детето, бидејќи на бебињата не им е пријатна тишината. Освен што е важно родителите постојано да им зборуваат на своите деца, важно е и да слушаат односно да следат рекација на она што детето се обидува да им го каже колку тоа бесмислено и да звучи на почетокот.

Во овие прилики треба на децата да им се кажува како се вика она што тоа во моментот го прави. На пример, ако тоа со своите рачиња фати цуцла, играчка, својата нога или било што, родителот треба веднаш да му каже како тоа се вика па со текот на времето и детето само ќе го врзе тој збор за тој објект, па ќе почне само да се труди да го изговори.

Читањето бајки и приказни пред спиење е исклучително корисно. Децата на кои редовно им се чита, побрзо и правилно учат да зборуваат.

За жал, истражувањата покажуваат дека современите родители поради своите обврски малку време поминуваат со своите деца, а наместо приказни за добра ноќ им пуштаат детски канали што е потполно погрешно и веројатно поради тоа децата имаат проблем со изговарање на првите смислени зборови и реченици.

Секое дете на почетокот неправилно ќе ги изговара зборовите. Логопедите советуваат родителите веднаш да ги исправаат за тие побрзо да научат, но тоа секогаш да го прават со нежен глас и низ смеа.

Write A Comment