Мојата кујна

Посен плазма ролат со банана

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 2 кисели јаболки

* 4 банани

* 250 гр. шеќер во прав

* 250 гр. маргарин

* 300 гр. посна мелена Плазма

* Шлаг (со вода) или стопено чоколадо за готвење.

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Јаболките изрендајте ги ситно, изблендирајте ги бананите, плазмата помешајте ја со стопениот маргарин и шеќер . Расукајте ја кората од оваа смеса на алуминиумска фолија со дебелина од околу 1,5 см. Ставете одозгора 2 цели банани по должина. Свитјате ролат и добро оладете го, па премачкајте го со шлагот.

Напиши коментар