Art & Crafts

После ова никогаш нема да побарате мраз во пијалакот

Во топлите летни денови ништо подобро не нè освежува од пијалак полн со мраз. Но, колку и да ви е примамлива ледната чаша, токму тие коцки кријат не баш пријатни факти за она што може да се најде во нивниот состав.

 

Мувла

Најголемиот проблем претставува мувлата која често се наоѓа во машините за мраз. Ова настанува кога замрзнувачот или машината за мраз често се отвора и се затвора, а влажните места поттикнуваат размножување на габички и мувла.

На дури 10 проценти од мразот се наоѓаат остатоци од мувла и кандида.

Бактерии

Доволна е минимална количина на контаминирана вода, за да биде загаден целиот мраз. Тоа често се мали количини на микроорганизми кои не можат да предизвикаат поголеми здравствени проблеми, но во некои примероци се пронајдени и ешерихија коли, хелико бактерија и листерија.

Доколку самите правите мраз, после секоја употреба добро измијте го садот за мраз, а потоа исушете го па повторно употребете го, со цел да ја намалите можноста за зараза.

Фекалии

Многу од луѓето не се свесни за лошата хигиена и опасностите кои истата ги носи со себе. Во САД едно 15-годишно момче умрело откако се заразило од контаминирани коцки мраз.

Доколку оној кој ви го прави пијалакот, односно става мраз во вашата чаша, не ги измил неговите раце по посета на тоалетот, вие сигурно тоа нема да го забележите и нема да бидете свесни за опасноста која се наоѓа на коцките мраз додека го пиете вашиот пијалак.

 

Напиши коментар