Дестинации

После овој текст ќе го спакувате куферот и ќе заминете на море

Mорето има многу позитивен ефект врз здравјето а грчкиот научник Хипократ, чија заклетва докторите се уште ја даваат на почетокот на нивната кариера, има лекувано многу од неговите пациенти со вода богата со минерали.

Кои се четирите медицински причини зошто треба веднаш да одите на плажа и да се фрлите во морето?

 За подобар имунитет

Морската вода е полна со витамини, сол, аминокиселини и микро организми кои делуваат како природни антибиотици, и помагаат вашето тело да се избори против штетните бактерии. Покрај водата ќе ви помогне и морскиот воздух чии негативно наелектризираните јони ќе влезат во вашето тело, кои се исто така важни за одбраната на организмот.

За поубава кожа

Магнезиумот во морската вода помага во хидратацијата и изгледот на вашата кожа. Исто така, ефикасен е во намалувањето на црвенилото и грубата кожа, но луѓето кои страдаат од дерматолошки проблеми се препорачува да не поминуваат долго време во морето.

Подобра циркулација

Пливањето циркулаторниот систем, и топлата морска вода може да ги замени минералите изгубени со стресот, лошата исхрана и загадувањето на околината.

Го балансира телото

Кога пливате вашето тело почнува да се лекува самото себеси, намалувајќи ги симптомите на болестите како астма, артритис, бронхитис и инфекција или воспаление. Водата ги релаксира мускулите и има позитивен ефект на квалитетот на спиењето, што придонесува до ментална стабилност и добро расположение.

Write A Comment