Дегустирајте ја посната салата од ослич која може да се јаде и со препечен леб како домашна паштета.
За да ја подготвите потребно е – 1 кг ослич, 1 морков, 4 компири, 1 лук, половина филџан маслиново масло, малку црн пипер, 2 лажици сенф, сок од 1 лимон, лажичка оцет, малку сол, вегета.
Подготовка
Осличот исчистете го, измијте го и попрскајте го со оцетот и оставете го да отстои половина час. Повторно измијте го и ставете го во лонец да се вари.
Додадете го излупениот компир, шаргарепата, црниот пипер и солта. Убаво сварете ги заедно. Потоа, одвојте го морковот, а се останато ставете го во поголема чинија. Осличот исчистете го од коски и спојте го со останатото.
Додадете лажици сенф и сокот од лимон.
Матете со миксер, додавајќи капка по капка маслиново масло. На крајот додадете го истолченото лукче и малку вегета.
