ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 1 пакување посни бисквити (400-500 грама)
* 1 килограм јаболка
* 2 пудинзи од ванила
* 1 ќесичка цимет
* 350 грама шеќер
* 2 бели посна хопла (за мрсна варијанта, употребете шлаг)
* 600 милилитри вода
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Се вари водата со шеќерот и циметот 25 минути.
Двата пудинга се раствораат со ладна вода, во нив се додаваат јаболката, па потоа заедно се сипуваат во шербетот додека филот не згусне.
Во сад за торта се реди ред бисквити, ред фил, уште топол, и одгоре се украсува со шлаг/хопла.
