Мојата кујна

Потпечени њоки

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 500 гр њоки

* 200 гр моцарела

* 60 гр пармезан

* 450 мл сос од домати

* 1 лажица маслиново масло

* малку лук (исечкан)

* свеж босилок

* малку сол

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

1.Подготовка на сос: Во подлабок сад за готвење ставете го сосот од домати заедно со маслиново масло, лук, босилок и малку сол. Гответе на тивок оган околу 20-тина минути. Во сосот додадете 150 грама моцарела и мешајте додека не се растопи.

2.Во меѓувреме сварете ги њоките според упатството на пакувањето, додајте ги во претходно зготвениот сос и нежно измешајте ги.

3.Целата смеса префрлете ја во плех за готвење (керамичка тава), одозгора наредете ја преостанатата моцарела и посипете со пармезан.

4.Печете во загреана рерна околу 10-тина минути.

5.Декорирајте со свеж босилок. Добар апетит!

Write A Comment