Правилното чистење на лице е многу повеќе од вадење на шминката. Чистењето на лицето треба да ги отстрани сите нечистотии, маснотии кои се собираат во текот на денот.
Неадкеватното чистење може само да ја влоши кожата.
Масна кожа – треба да се користат гелови за чистење кои нема да оставаат масни траги. Потоа треба да се нанесе антисептички лосион.
Мешана кожа – ова тип на кожа која треба внимателно да се негува. Сувите образи и масната т зона бараат внимателно одбрани препарати. Затоа најдобро е шминката да се вади со пена или млеко за да не ги исуши образите, а т зоната да се третира со лосион за масна кожа која добро ќе ја чисти.
Сува кожа – важно е да ја разликувате сувата од дехидрираната кожа. Сувата кожа најдобро се чисти со млеко кое е богато со хранливи состојки и хранлив лосион за сува кожа.
Чувствителна кожа – тип на кожа на кои најмногу треба да се внимава. Треба внимателно да се избираат препаратите за чистење на лицето, никакви агресивни производи не се употребуваат, ниту пак оние кои содржат алкохол.
