Bridal

Предбрачен договор да или не?

Кога и да се спомне предбрачен договор, веднаш помислуваме на богати луѓе, славни личности или филмски ѕвезди.

Но треба да имаме на ум, дека пред се предбрачниот договор служи за избегнување на недоразбирањата кои можат да настанат во случај на бракоразводна постапка.

Од една страна предбрачниот договор е позитивен заради тоа што нуди заштита и неможност партнерот да ве повлече во банкрот.

Но гледано од друг агол, потпишувањето на предбрачен договор може да влијае како ладен чин за кој во љубовта нема место.

Со овој договор имотот кој е стекнат за време во брачната заедница, поточно она што сте го поседувале пред брак, сте го стекнале самостојно во бракот, или пак сте го добиле на поклон, го имате наследено или освоено на игра на среќа,  нема да треба да го делите со партнерот во случај да дојде до прекинување на брачната заедница.

Мислењата се секогаш различни и индивидуални, но треба да се има во предвид дека бракот не е само романтична врска на двајца вљубени, бракот е исто така имотно-правна врска помеѓу лица кои доброволно одлучиле да живеат заедно.

Што мислите Вие? Дали би склучиле предбрачен договор? Дали мислите дека со тоа ќе изчезне целата магија и убавината во стапувањето во брак?

Напиши коментар