Motherhood

Предности на бременоста

Бременоста е состојба кога целото Ваше тело се менува. Промените во организмот носат многу непријатни промени како што се, повраќање, слабост, немање енергија … и покрај овие „лоши„ промиени бременоста носи и неколку екстремно позитивни предности за Вашиот организам.

Зголемена моќ на сетилата

Во бременоста чоколадото ќе Ви биде многу послатко од порано. Бременоста го зајакнува сетилото за вкус со истовремено зголемување сензитивност на  сетилото за мирис. Гинеколозите ширум светот се едногласни дека зголемувањето на сензибилноста на мириси е поради инстинктивната потреба на организмот да се избегнуваат опасните и штетни супстаниции ккао алкохолот, цигарите…

Помал ризик од карциноми

Најновите истражувања покажаа дека бременоста е корисен заштитник против карцином на дојка и матка. Повеќе бремености ги намалуваат шансите за карцином на само 3 проценти, истото се случува и доколку станете бремени пред 24 година од животот. Освен тоа доењето ги сведува на минимум појавите и на други видови карцином.

Позитивни здравствени навики

Бременоста ги поттикнува многубројните позитивни здравствени промени кои ќе Ве принудат да престанете со лошите навики. Имено бременоста е најдобрата причина да престанете да пушите како и добра мотивација да излегувате и да шетате.

Помалку болен менструален циклус

Никој со сигурност не може да одговори на прашањето зошто по породувањето менструалните болки се сведуваат на минимум!!!

По породувањето и доењето Вашиот менструален циклус повторно ќе се врати во нормалните интервали, но попратни позитивни последици. Имено нема да имате незгодни грчеви и големи болки при менструалниот циклус.

Напиши коментар