Здраво тело

Предупредување: 4 знаци дека ќе доживеете срцев удар!

Голема е заблудата дека срцевиот удар ги погодува луѓето како „гром од ведро небо“. Денови, недели, па дури и месеци претходно, телото ни испраќа сигнали за предупредување кои би требало да ги сфатиме сериозно.

За жал, во моментот кога личноста ќе сфати дека започнал срцевиот удар, би можело да биде веќе доцна за да се спречи смртен исход или трајно оштетување на срцето.

Таканаречениот „тивок“ срцев напад, со знаците и симптомите кои се умерени или делуваат тотално неповрзано со срцето, долго време го загрижувале кардиоваскуларниот експерт доктор Чонсија Крандал.

Затоа, тој составил листа од четири предупредувачки симптоми на инфаркт на кои треба особено да обрнеме внимание.

1. Болка во градите, иако секоја болка во градите не мора да значи и срцев удар. Може да се почувствува болка во вратот, рацете, грбот, па дури и вилицата.

2. Потење и мачнина

3. Проблеми со дишењето

4. Проблеми со желудникот

Статистиките покажуваат јасна врска меѓу одложувањето на лечењето на симптомите на срцевиот удар и смртта или заболувањето. Поради тоа, многу е важно да се внимава на симптомите и да знаете да препознаете што сака да ви каже вашето срце.

Напиши коментар