Motherhood

Предвидете ја интелигенцијата со помош на едно зрно суво грозје

Истражувачите на Универзитетот во Ворвик тврдат дека можат да предвидат колку осумгодишните деца ќе бидат успешни во училиштето само со помош на едно зрно суво грозје.

Методот на истражувачите на Универзитетот би можел да биде наједноставниот тест за детските способности, кој некогаш бил смислен.

Имено тие тестирале стотици деца ставајќи зрно суво грозје под шолја и им кажувале да почекаат пред да добијат дозвола да го изедат.

И покрај тоа што наредбата изгледа мошне едноставна за деца на мала возраст може да биде мошне „исцрпувачка“ и повеќето од нив нема да можат да ја испочитуваат.

Резултатите меѓутоа покажаа дека децата, кои биле најстрпливи на осум години биле значително поинтелигентни (седум бодови на скалата) од своите нетрпеливи врсници.

– Играта со зрно суво грозје е едноставен начин за проценка на инхибиторната контрола кај малите деца…и може во клиничката пракса да се користи за утврдување на степенот на ризик за јавување на нарушување на вниманието и на учењето – изјавил истражувачот Дитер Волке.

Научниците особено биле заинтересирани за тоа како на тестот ќе се покажат предвремено родените деца. Резултатите за нив не биле баш најдобри.

„Колку била помала гестациската старост на детето, толку била помала инхибиторната контрола и поголеми биле шансите кај детето да се појави нарушување на вниманието и помали академски достигнувања“, се наведува во студијата.

Write A Comment