Пример за тоа е и овој мал скандинавски апартман во кој преовладуваат светли тонови, топли материјали и бои и паметноискористен празен простор со цел помалиот простор да биде што поефективно искористен и да создаде чувство на поголем ентериер.
Aпартманот е со површина од само 35 метри квадратни, но умесно уредениот простор и добриот распоред на мебел и простории прават да изгледа многу попросторно и повеќе од доволно за удобно живеење. Дел од ѕидот и елемент во дневната е пренаменет во кревет со простор под него, умесно скриен и камуфлиран како да е само уште една софа во дневната. Масата за телевизорот може да се користи и како работна маса, а кујната е поделена на делот со кујнските елементи за готвење и мала трпезарија за двајца. Белите тонови на ѕидовите и најголем број од елементите внесуваат и светлина и придонесуваат просторот да изгледа дополнително поуреден и попростран.
На белиот ентериер му контрастираат големата кафена софа во ретростил и висечкиот бакарен лустер, кој, покрај тоа што дава шик нота во дневната соба, придонесува и за малку повеќе топлина во ентериерот со својата боја. Употребени се најминимални декоративни елементи, белата боја, лустерите во дневната и во ходникот, како и ѕидот со слики во дневната се клучните декоративни елементи што внесуваат посебен карактер, топлина и човечност во просторот.










