Оваа куќа во Квинсленд, Австралија, која во моментов се продава, има површина од 481 метари квадратни, кои вклучуваат четири спални, три купатила и неколку дневни соби кои овозможуваат еден луксузен начин на живот на секое современо семејство. Куќата нуди зачудувачки поглед од сите страни. Дизајнот на главната спална опфаќа тераса и голем гардеробер. Лизгачките врати од сите страни овозможуваат лесен пристап до откриеното пространство на овој дом, создавајќи идеална атмосвера за вечера под месечината. Кујната, дневната соба и кабинетот се откриени. Куќата ја дополнуваат винарската визба на долниот кат и гаража за два автомобили. За луксузниот ентериер и свежината на дворот придонесува и базенот.













