Планината Бромо е активен вулкан кој е дел од масивот Тенгер во источна Јава.
Највисокиот врв на овој м асив е 2329 метри, а во овој регион е една од најпопуларните туристички дестинации во источниот дел на Јава. Вулканот е дел од Националниот парк Бромо Тенгер Семери. Името Бромо потекнува од јаванскиот изговор за хиндуистичкиот бог Брама.
Планината Бромо се наоѓа во средината на огромна рамнина која се нарекува Сегара Веди, а на индонезиски Лаутан Пасир.
Оваа долина е заштитен резерват уште од 1919 година. Вообичаен начин за посета на оваа планина е да се најблиското село Цермо Лавиг. Од таму има 45 минути одење до вулканот. Секако до таму се стигнува и со теренско возило. Некогаш поради вулканската активност е забрането е качување на планината Бромо.












