ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 1,3 литар млеко
* 1 путер
* 6 лажици остро брашно
* 6 јајца
* 18 лажици шеќер
* 2 пудинга од ванила
* 1 до 2 павлаки за шлагот
* 2 кори за кремпити
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
1.Одвојте ги жолчките од белките и потоа изматете ги белките.
- Ставете во еден сад околу половина од млекото и во него додајте ги жолчките, шеќерот, брашното и пудингот и се добро изматете со миксер додека не добиете воедначена смеса.
- Другата половина од млекото ставете ја во тенџере и додајте го путерот. Загревајте на оган додека млекото скоро не зоврие, односно додека путерот потполно не се растопи па тргнете го од огнот.
- Првата смеса прелијте ја во втората (во млекото и путерот) и мешајте додека се убаво не се соедини и згусне.
- На крајот, во тенџерето додајте ги и изматените белки па со миксер на најслабата брзина се убаво измешајте додека смесата не се соедини.
- Првата кора ставете ја во длабока тепсија па врз неа прелијте ја добиената смеса па измазнете со лажица.
- Изматете шлаг и размачкајте го по смесата па потоа прекријте со другата кора.
