Motherhood

Преран пубертет – виновна е дебелината

Секое трето девојче влегува во пубертет на осум години или дури и порано – открива едно американско истражување. Исто така и момчињата сè порано влегуваат во пубертет, поточно на 9 години, но сите знаеме дека нив тоа послабо ги погодува отколку девојчињата.

Освен психичките последици, опасни се и физичките, бидејќи можат да го зголемат ризикот од рак, но и да предизвикаат промени на скелетот кои можат да ги спречат девојчињата да ја достигнат својата целосна висина.

Епидемијата на дебелина е делумно крива за прераниот пубертет, бидејќи зголемувањето на масното ткиво предизвикува зголемено излачување на хормони. голем број на хормони се наоѓаат во месото и млечните производи, како и во индистриските хемикалии. Фталатите од пластиката му пречат на ендокриниот систем и ја блокираат функцијата на хормоните.

Хормонална терапија која го спречува прераниот пубертет веќе може да се најде на пазарот, но постои и морална дилема дали е добро луѓето да се мешаат во работата на природата во толку чувствително време.

Write A Comment