Здраво тело

При забоболка – сусамово масло

Сусамовото масло многу често се користи во кујната и има свои апликации и во козметиката и во народната медицина. Исклучително интересно е тоа дека маслото е одличен помошник при забоболка.

По направеното истражување, научниците успеале да утврдат дека лекувањето со масло од сусам е совршено средство кое ја дезинфицира усната шуплина и ја намалува веројатноста за болка на непцата. Утврдено е дека тоа помага и при намалување на бројот на кариес. Сусамовото масло има и смирувачко дејство, пример, – при забоболка се препорачува триење на заболеното место со сусамово масло.

Многу добра профилактичка мерка е редовното жуборење со сусамово масло неколку минути, по што се плука, а устата се плакне со млака вода.

Write A Comment