Дестинации

Причини поради кои мора да го посетите Алгавре

Алгарве е најјужниот регион на Португалија, а воедно и една од најпопуларните летни туристички дестинации.

Се протега преку 150 километри, од гратчето Сагрес, до Тавира и границата со Шпанија. Името потекнува од маурскиот термин Ал Гарб, што значи запад, бидејќи овој регион ја претставувал најзападната точка на подрачјето кое со векови било под маурска власт.

Благодарение на благата клима, Алгарве е идеално место за одмор, но и за спортски активности, како што се водени спортови, јавање, голф, тенис…

Исто така, поседува и возбудлив ноќен живот со бројни барови, кафулиња, ресторани и клубови, што особено ги привлекува помладите туристи.

Без оглед дали сакате да патувате за да се забавувате или заради разгледување на културни богатства, оваа дестинација не може да ве разочара.

Што да посетите во Алгарве?

Едно од најпосетените гратчиња во регионот е Лагос, кој е подеднакво познат според својот возбудлив летен ноќен живот, како и својата историја од 2000 години, особено периодот на големите географски откритија во 15. век.

Меѓу знаменитостите се истакнува црквата на Свети Анте. Во близина се наоѓа и Сагрес, познат по својата тврдина од 14. век.

Познато место се и Албуфеира, каде се наоѓа и мал музеј на Минг керамика од 15. и 17. век, Музеј на сакрална уметност, и неизбежниот забавен парк Зумарин, каде можете да дознаете повеќе за морскиот живот, но и да уживате во претстави на извежбаните делфини.

Вредат да се посетат и универзитетскиот град Фаро, гратчето Олхао со својата маурска архитектура и Тавира, сместена на самата граница со шпанскиот регион Андалузија.

Во Тавира можете да уживате во преубави цркви, како што е, на пример, Санта Мариа де Кастело или едноставно во капење, сурфање и нуркање на песочните плажи.

Помалку познато, но не и помалку атрактивно е и местенцето Луле, со бројни палати, замок од 13. век и пријатни локации за капење и сончање.

 

Write A Comment