Motherhood

Приоритети во првите денови од бракот

Ако сте помислиле дека тешкотиите исчезнуваат со свадбата и дека понатаму нештата ќе бидат како во бајка, тогаш треба да вложите многу напор за да живеете среќно засекогаш. Особено критичен е периодот веднаш по свадбата, т.е. начинот на којшто ќе го започнете брачниот живот.

Не живејте со луѓе со кои имате несогласувања

Ако еден од Вас не се согласува со луѓето (најчесто родителите на едниот партнер) со кои треба да живеете барем додека обезбедите трајно живеалиште, тогаш подобро е да изнајмите стан, отколку да го доведете во прашање среќното брачно живеење во иднина.

Впрочем, најлош начин да го започнете брачното живеење е со чувството на омраза кон сопствениот дом.

Не патувајте без партнерот

Понекогаш не е возможно да се избегнат работните обврски и едноставно морате да заминете на патување без партнерот. Но, почетокот на бракот е времето кога треба да поминувате најголем дел од времето заедно, па затоа, секогаш кога е тоа возможно, испланирајте ги патувањата како двојка.

Не реновирајте ништо во домот

Освен ако се работи за итен случај, избегнувајте реновации во домот на почетокот од бракот. Реновирањето е едно од најстресните нешта што можете да ги направите. Оставете ги првите неколку недели од бракот за медениот месец.

Не се расправајте за свадбата

Без разлика што се случило на денот на свадбата, тоа секако е во минатото и расправиите се беспредметни. Ако се расправате за свадбата, тоа на површина ќе исфрли многу други теми за караници и пред да станете свесни за тоа – медениот месец ќе Ви биде уништен.

Не канете никого на гости на подолг период

Дури и ако имате одлична основа на заедницата пред да стапите во бракот, симболиката на периодот на почетокот од бракот е премногу значајна за да дозволите некој да се вмеша во заедницата, заземајќи го просторот за живеење.

Без разлика дали се работи за член на семејствата или пријател, тој ќе пречи во моментите кога ќе добиете спонтани изливи на интимност, во делот од животот кој никогаш нема да Ви се повтори.

Write A Comment