Вообичаено кога имаме главоболка посегнуваме по некое апче. Иако главоболката може да биде мошне непријатна и да ви го отежнува нормалното функционирање, наместо веднаш да се фатите за апчињата, обидете се да направите природен лек, кој ќе ве ослободи од главоболката, а нема штетно да ви влијае.
Потребни состојки:
- 2 лимони
- Филтрирана, но не флаширана вода
- Морска сол
Постапка:
Исцедете го лимонот, додајте онолку вода колку што има сок, додајте малку сол и мраз доколку сакате.
Можеби нема да ви биде омилен пијалак, но може многу да ви помогне, бидејќи морската сол содржи доволно количество електролити, минерали со кои го подигнува енергетското ниво, ја отстранува болката, прави рамнотежа во нивото на сератонин во организмот и го зајакнува имунитетот.