Убавина

Природен лосион кој ги отстранува дамките на лицето

Често на лицето се појавуваат дамки како последица на акни или алергии, а некои ги имаат и од самото раѓање.

Сите тие може да придонесат за создавањето комплекси или намалувањето на самодовербата, особено кај девојките.

Постојат различни козметички третмани и скапи препарати, но и со само едноставен и евтин лосион кој може сами да го направите, ќе добиете чисто и свежо лице.

Потребни сосотојки:

  • 1dl лимонов сок
  • 2 лажички магдонос
  • 1,5 dl дестилирана вода
  • 0,5 dl 70% алкохол

Подготовка:

Листовите магдонос исечкајте ги ситно и прелијте ги со дестилирани вода и алкохол. Протресете ја тегличката, затворете  и оставете да отстои навечер.

Следниот ден течноста процедете ја и додајте лимонов сок. Лосионот нанесете го навечер или наутро на чиста кожа.

Лосионот чувајте го во темно шишенце на дното на фрижидерот.

Напиши коментар