Во секоја земја постојат одредени верувања и обичаи својствени за таа култура. Истото важи и кога станува за природните лекови што се користат за намалување на болката, подобрување на имунитетот и елиминирање на стресот.
Шри Ланка: Кокосот спречува дебелеење
Кокосовото масло е богато со масни киселини што го поттикнуваат црниот дроб 50 отсто побрзо да ги согорува телесните масти. Кога жените консумираат 30 милилитри кокосово масло или 170 грама кокосово млеко дневно, многу лесно можат да изгубат до два и пол килограми месечно.
Индонезија: Ѓумбирот ги уништува триглицеридите
Во Индонезија ѓумбирот не се користи само како зачин, туку од него прават чаеви, слатки, леб и други производи. Народот во Индонезија смета дека ѓумбирот е силен тоник за здраво срце. Со ова се согласуваат и научниците. Според резултатите од повеќе истражувања, ѓумбирот може да ги намали триглицеридите што се виновни за затнување на артериите и тоа за 17 отсто. Ѓумбирот е двојно поефикасен од аспиринот кога станува збор за спречување на создавање опасни згрутчувања во крвта. Препорачаната доза изнесува 10 грама.
Германија: Чајот од камилица ја спречува надуеноста
Освен честата употреба во Германија, научниците низ целиот свет ја потврдуваат ефикасноста на камилицата кога станува збор за проблеми поврзани со стомакот. Камилицата ги смирува надбубрежните жлезди намалувајќи го излачувањето на кортизол, хормон на стресот, кој влијае на создавање гасови во организмот и болки во стомакот.
Финска: Со кафе против депресија
Финците се најпознати консументи на кафе, во просек еден Финец пие околу 1.640 шолји кафе годишно. Кога почнало да се користи кафето во Финска во 18 век, првин се користело како лек против депресија и можело да се купи единствено во аптека.
Најновите истражувања покажаа дека две до три шолји кафе дневно можат да го спречат создавањето на депресија и тоа до 43 отсто.
Нов Зеланд: Со мед против инфекции на синуси и грло
Истражувањата покажале дека природните антибиотици и ензимите во домашниот мед уништуваат 100 отсто од бактериите и вирусите, а во Нов Зеланд домашниот мед, не индустрискиот кој е пастеризиран, луѓето најмногу го користат при лекување на инфекции на синусите и грлото.
Русија: Кефирот го ублажува синдромот на нервозни црева
Русинките сакаат да пијат големи количини од овој напиток, а го користат и како лек против синдромот на нервозни црева – проблем што предизвикува дуење, бол и течна столица. Кефирот содржи пет пати повеќе здрави пробиотици од јогуртот, неопходни за нормално функционирање на цревата.
