Скоро и да не постои жена која не посетила гинеколог заради вагинална инфекција. За жал, часто се јавуваат и мачнини. Освен стандардните лекови, постојат и природни решенија за овој проблем.
Против чешање и пецкање делотворен е чајот од рузмарин. Можете да го користите како средство за интимна нега (за миење на интимните делови на телото) или само да го натапкате на вагиналниот отвор. Можете и да го пиете – полиете една лажица сушен рузмарин со еден филџан врела вода, оставете да отстои 10 минути поклопено, па исцедете го. Пијте 1 до 4 чаши на ден доколку имате габична инфекција.
Брусницата е исто така корисна во борбата против инфекции на уринарниот тракт (или бешиката), но и против габични инфекции. Во случај на таква инфекција се препорачува да испиете чист сок од брусница или сува брусница. Резултатите ќе бидат видливи веднаш.
