Летото е идеално време да ја промените бојата на косата, што особено се однесува на преминување во посветла нијанса. По изложувањето на сончева светлина на многу жени косата им посветлува неколку тонови.
Многу природни намирници имаат својства да ги осветлат прамените, а сонцето само го забрзува процесот.
СОК ОД ЛИМОН
Лимонот е познат по својствата за осветлување на кожата, но и на косата. Светлите прамени добиени со овој метод изгледаат многу природно. Измешајте сок од еден свеж лимон со 6 лажици вода (за средна должина на косата) и втријте во сува коса. Оставете да стои 2 часа, а на сонце поминете најмалку 30 минути. Пред и потоа нанесете регенератор бидејќи лимонот ја суши косата.
Доколку имате природно темна коса, не користете сок од лимон за осветлување бидејќи косата може да добие портокалова нијанса.
МАСЛИНОВО МАСЛО
Маслиновото масло е одличен регенератор за коса, а може и да ја осветли. Нанесете маслиново масло на косата, исчешлајте ја и излезете на сонце. Исто така можете да измешате сок од лимон, вода и маслиново масло па да го ставите во боца со спреј. Нанесете го спрејот на мокра коса.
Излезете на сонце, а за видлива промена потребно е барем 30 минути и повеќе. Спрејот можете да го нанесувате неколку пати на косата, но и по капење во базен или море. Откако ќе ја добиете саканата нијнса, тргнете се од сонцето. Добро измијте ја косата и нанесете регенератор.