Motherhood

Притисокот врз сопругот да имате бебе… Може да биде опасен !

До тој степен, што мажите може да ги направи импотентни и неверни…

Ви откриваме зошто мажите кои се под притисок за татковство ги изневеруваат своите партнерки кога се во најплодни денови.

Секој пар кој „ работи на случајот “ за зачнување бебе знае дека е потребно да се погоди вистинскиот момент, односно дека потребно е да се искористат најплодните денови на жената. Но, притисокот да реагираат кога нивната партнерка е најплодна, за мажите е одбивен, судејќи по истражувањата.

Еден од десет мажи ја има изневерено сопругата токму поради тоа, а четворица од десет изјавиле дека притисокот ги направил импотентни. Повеќе од 400 мажи учествувале во студиите кои откриваат дека притисокот да се направи бебе, предивикува акутен стрес. Ниеден од мажите во истражувањето немал сексуални проблеми. Откривањата се базираат и на неколку претходни ситуации кои покажуваат дека мажите под стрес произведуваат помалку тестостерон, што влијае на нивното либидо.

Авторите на студиите им предлагаат на паровите да бидат свесни за овие ризици и да не пробуваат да зачнат бебе во точно одредени денови, повеќе од три месеци  последователно, со меѓувремени паузи од неколку месеци .

Write A Comment