Motherhood

Проверете: Каква личност сте според должината на прстите

Кој би помислил дека можеме да научиме толку многу работи за себе само oд должината на нашите прсти?

На сликата се претставени три типа на дланка: А, Б и Ц. На секој од нив, соодносот на должината на показалецот, средниот прст и венчалниот прст е различен. Исправете ги дланките и пронајдете ја структурата која најмногу ви одговара. Потоа прочитајте го објаснувањето.

Тип А: шармантни и прагматични

Луѓето чиј венчален прст е подолг од показалецот се шармантни и неодоливи. Тие се сочувствителни, зборлести, агресивни и одлични во решавање на проблеми. Најчесто се научници, инженери, војници и експерти во решавање крстозбори.

Тип Б: самоуверени и ефикасни

Луѓето чиј венчален прст е пократок од показалецот се одликуваат со висока самодоверба, кои постојано се ориентирани да ги завршат обврските и да ги исполнат своите цели. Сакаат да бидат сами, така најчесто успеваат да си го исполнат зацртаното. Но, ова не мора да значи дека се интроверти, затворени во себе, туку само не сакаат да бидат вознемирувани кога имаат работа. Го ценат она што го имаат, но имаат аспирации за повеќе.

Ц: пацифисти

Овие луѓе, чии показалец и венчален прстен имаат иста должина, се вистински поборници за мирот и избегнување на конфликти. Тие се добро организирани и сакаат да бидат во добри односи со луѓето околу себе. Во врските се верни, грижливи и нежни партнери. Но, бидете внимателни! Овие луѓе имаат огнена срж, која е добро потисната во секојдневните активности, но која може да биде навистина опасна доколку се ослободи. Иако се мирољубиви, за ваше добро е да останете на нивната добра страна.

Write A Comment