Ако сакате слатки, а пазите на линијата, овие палачинки ќе ги обожавате, затоа што ќе може да ги јадете без грижа на совест.
Се прават од само две состојки, не содржат шеќер и вештачки засладувачи, или брашно, или млечни производи, може да се користат во текот на многу популарни диети , па затоа не е чудно што целиот свет е луд за нив!
Значи без глутен, лактоза, шеќер и каење.
Состојки:
– 1 зрела банана
– 2 големи јајца
Начин на подготовка:
Прво, со користење вилушка изгмечете ја бананата. Изматете ги јајца и соединете со бананата. Се разбира, ако сакате, можете да додадете различни состојки како мед, цимет, мелени лешници, бадеми, кокос, но ако ги направите само од јајца и банани ќе бидете сигурно задоволни.

На умерена температура се пече , приближно една минута на секоја страна. Можете да користите специјално тавче и да ги припремите без зејтин, а можете и во обично тавче со малку зејтин или путер.
