Motherhood

Првиот секс после породувањето

Нервозна, возбудена, збунета, исплашена – сето ова е жената пред првиот секс после породувањето. Нормално е тогаш жената да се чувствува како одново да открива што е сексот и како „тоа“ воопшто се прави, но после кратко време повторно ќе ужива во него.

Еве кои мисли им поминуваат на жените низ глава кога следува првиот секс после породувањето:

„Како ова воопшто оди?“

Нека не ве плаши збунетоста и трапавоста. Вештината ќе ви се врати многу брзо.

„Искрено се надевам дека светлата ќе бидат изгаснати.“

Бременоста остава траги на женското тело и нормално е во првите месеци после породувањето жената да се чувствува непријатно.

„Дали моето тело воопшто му е привлечно?“

Беспотребно се мачите со ова прашање бидејќи повеќето мажи ги обожуваат облините кои жената ги добива после породувањето.

„Имам чувство дека вагината ми е премногу опуштена.“

Чувството за жал не ве лаже, но со текот на времето вагината ќе се врати на нејзината нормална големина.

„Се надевам дека детето нема да заплаче.“

Стискајте палци вашето бебе да не се разбуди токму во моментот кога ќе ја започнете интимната игра.

„Да побрзаме со ова. Сакам да отспијам барем три часа без да се разбудам.“

Иако му се радувате на сексот, уште повеќе ве радува непрекинатиот сон кој очајно ви треба, а доколку имате среќа, можеби и ќе се наспиете.

„Само да не ми ги допира градите бидејќи ужасно ме болат.“

Вашите гради имаат поминато низ големи промени, а доколку доите истите се особено болни. Предупредете го партнерот да биде екстра внимателен со нив.

„Никогаш повеќе нема да уживам во сексот!“

Верувајте, ќе уживате! Сексот повторно ќе биде одличен. Потребно е само време.

 

Напиши коментар