Motherhood

Работи кои го обележале вашето детство, но вашето дете веројатно нема да знае за нив

Има работи кои веднаш ви навлекуваат насмевка на лицето и ве потсетуваат на детството. Нажалост за многу од нив, вашите деца веројатно никогаш нема да дознаат. Ново време, нови радости, но мнозинството родители се запрашуваат: може ли модерната технологија да замени некои стари работи кои веселат?

Ви претставуваме работи кои денешните деца сигурно нема да ги прават!

Изнајмување филм во видеотека.Не само тоа, туку кога ќе пробате да му објасните на детето ќе добиете збунет поглед. Зошто да се изнајмува во видеотека кога сѐ е достапно онлајн? И што се тоа касети?

Возење велосипед без кацига и светла.Додека радо се присеќавате како ви било убаво кога сте јуреле низ вашето маало на својот велосипед, сега работите се малку поинакви. Порано никој не се грижел за безбедноста на велосипед, додека денес ќе ве прогласат за неодговорен родител ако детето го пуштите да вози без кацига.

Грижа за пропуштената омилена серија.Додека во вашето детство тоа било озбилен проблем, денес е многу лесно да се дојде до емитираните содржини и да се гледа безброј пати.

Многу малку деца ќе вежбаат да го усовршат својот ракопис, сепак тука се компјутерите.

Снимање аудио касета со омилените песни за својата симпатија.Веројатно денешните деца не би ни препознале аудио касета, а за снимањето да не говориме, денес е време на интернетот. Факт е дека касетата која ќе ја пронајдете сепак има многу поголемо значење од линкот на песната пратена на симпатијата.

Колкави се шансите вашето дете да посети библиотека и да пребарува енциклопедија за да дојде до потребните информации за пишување на рефератот.

Се сеќавате на телефонот со кружен бројчаник?Што мислите, дали вашето дете би знаело да сврти некому од таков телефон?

Мала е веројатноста дека детето ќе пие вода од цревото во дворот, зар не? Сетете се какво задоволство било тоа во вашето детство.

Дигиталните фотоапарати потполно ги истиснаа оние на кои се сеќаваме, во кои се користеше филм.Тогаш морало да се размисли што ќе сликате, додека во денешно време таа грижа е исчезната. А да не говориме за специјалното чувство кога ги разгледувате албумите со развиените фотографии, наспроти прегледување на фотографиите на компјутер и на facebook.

Мора да се вратиш дома кога ќе се запалат светилките на улиците?Оваа реченица речиси нити едно дете во денешно време нема да ја слушне. Мобилниот телефон кој го има секогаш со себе е начин за комуникација со детето, доколку воопшто се одлучи да се дружи со другарите надвор од дома и виртуелниот свет.

Напиши коментар