ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 пакетче равиоли
2 лажици маслиново масло
2 лажици мелен лук
2 лажици путер
2 лажици брашно
2 чаши млеко
1 прстофат сол
1 прстофат бибер
1 шолја рендан пармезан
1 чаша домашно подготвено песто (ако имате) или една тегличка купено (го има во поголемите супермаркети)
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
1. Во поголемо тенџере ставете вода со сол да зоврие, ставете ги равиолите и варете како што е наведено на упатството, кога ке бидат сварени исцедете ги.
2. Во поголемо тавче на средна температура загрејте го маслиново масло. Додадете ги лукот и путерот и пржете околу 1 минута.
3. Растворете го брашно во млекото и додадете го во тавчето со путерот и лукот, ставете ги солта и биберот , сето тоа нека врие 4 минути, мешајќи постојано. Додај те го пармезанот и мешајте додека се стопи. На крај ставете го пестото, промешајте и тргнете го тавчето
4. Ставете ги сварените равиоли на чинија и посипете ги со Песто крем сосот. Гарнирајте со малку сецкан магдонос и свеж босилек.
