Мајчината душица е позната како лек за многу болести. Содржи изобилство од етарски масла и флавоноид па затоа е добра за лекување на бронхитис.
Експертите тврдат дека чајот од мајчина душица никогаш не треба да се вари во отворен сад, бидејќи ова растение содржи лесно испарливи лековити состојки кои со варење во отворен сад може да се изгубат.
РЕЦЕПТИ:
Ракија
За масажа на целото тело, против стрес, но и за подобра потенција се користи ракија од мајчина душица. Во еден литар ракија се додаваат 100 до 200 грама суви цветови или дупло помалку свежи. Се остава да отстои 30 дена, се цеди и се користи за масажа на болните места на телото. Ракијата може и да се пие – по пола лажица наутро на празен стомак.
Лосион за коса
Во еден литар ладна вода ставете по 20 грама рузмарин, жалфија и мајчина душица. Мешавината од овие растенија оставете ја да отстои три часа во ладна вода, а потоа загрејте ја до температура од 80 степени, исцедете ја и ставете ја во херметички затворен сад. Овој лосион користете го еднаш во денот за масажа на коренот на косата. Овие три растенија ги уништуваат микробите кои ја напаѓаат кожата на главата, предизвикувајќи првут.
Полесно искашлување
Измешајте 20 грама нане, мајчина душица, подбел и листови од црн слез. Една лажица од оваа мешавина се прелива со 2дл врела вода и се покрива. Откако ќе се излади, се цеди и се пие. Ова се повторува 4-5 пати на ден.
