За оваа рецепта ви се потребни два големи корени (околу 500 грама) ѓумбир и 500 грама домашен мед.
Коренот се лупи и се ренда ситно. Се меша во соодветен сад заедно со медот. Се меша добро, до хомогенизација.
Така подготвената смеса се консумира 3-4 пати дневно, по 1 супена лажица (не метална).
Периодот за земање е 60 дена.
*Може да се зема и профилактично, препорачливо е за време на пролетта (на 3 години, по еднаш).
Ако не најдете корен од ѓумбир, може да користите во прав:
Половина лажиче ѓумбир во прав се меша со малку домашен мед (околу 1 лажиче) и се консумира 60 дена. Во првите 48 часа се зема на 2 часа, а потоа – 3 пати на ден (наутро, напладне и навечар) во неметален сад (со неметална лажица).
