Art & Crafts

Решете го проблемот со ладните стапала со помош на лутата маска со буковец

Иако звучи чудно, оваа лута маска навистина делува. Резултатите од нејзината употреба се неверојатни. Доколку имате проблем со ладни стапала оваа маска е вистински спас за вас. Не само што ќе ја загрее кожата туку и ќе ја хидрира истовремено.

Потребни состојки:
– 50 грама овесно брашно
– пола лажичка цимет
– пола лажичка лут буковец
– 4 лажици топла вода
– 1 лажица маслиново масло
– пола лажичка рендан ѓумбир
– 5 капки есенцијално масло од портокал

Маската се подготвува многу едноставно. Сите состојки добро промешајте ги се додека не добиете смеса која наликува на паста. Потоа подгответе два топли фротирски пешкири на тој начин што ќе ги потопите во врела вода и ќе ги исцедите. Нанесете ја смесата на стапалата и замотајте ги со пешкирите. Дозволете маската да делува околу 15 минути, а потоа тргнете ги пешкирите и измијте ги нозете со топла вода.

Напиши коментар