Морнарскиот стил, црно-белите и црвено-белите риги сеуште се актуелни. Одлични за опуштени и елегантни изданија, комбинациите со риги ќе бидат повторно во тренд и оваа сезона.
Црно-белата маичка одлично одговара со бели панталони, а нема да згрешите ако преку неа облечете тексас кошула, а сите потребни ситници ставете ги во црна ташна. Со ригите одлично одат тексас шорцеви, појас со метални детали и црвен лак на ноктите.
Еве неколку предлози:






















