На иста адреса

РОБЕРТ БИЛБИЛОВ И ЕЛЕНА РИСТЕСКА – ДОБИТНИОТ ДВОЕЦ НА НОВИОТ МАКЕДОНСКИ МЕГАХИТ “НА ИСТА АДРЕСА”

Музчкото реално мега шоу “На иста адреса”, денес ја доби и својата насловна нумера.

Со музика и аранжман на Роберт Билбилов, изведба и текст на Елена Ристеска, македонскиот музички простор го доби долгоочекуваниот хит насловен како “На иста адреса”.  Прогнозите се потврдуваат Алфа од недела се сели за долго, на првото место во македонскиот медиумски простор. Музичкото шоу “На иста адреса” почнува во недела со големо отварање во 21 часот.

Конечно,  во наредните 100 дена сите ќе имаме можност да уживаме  со исклучително македонски музички ,,производи”:) Одлични македонски изведувачи со право ќе влезат на голема врата на македонската музичка сцена! Им држиме среќа на сите што поуспешно да ни се претстават, а ние сите заедно ќе уживаме во нивната музичка мајсторија! Браво за сите!

Напиши коментар