ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 4 лажици сув квасец
* 1 шолја топло млеко
* 100гр. шеќер
* 1 јајце
* 125гр. путер (на собна температура)
* прстофат сол
* 4 шолји меко брашно
* 60гр. кафеав шеќер
* 2 лажици цимет
* 125гр. путер на собна температура (за полнењето)
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во чинија измешајте квасец, малку млеко, малку шеќер и оставете го квасецот да стаса. Додадете истопен путер, останатиот дел од белиот шеќер и изматено јајце и добро промешајте. Измешајте ги солта и брашното и полека додавајте ги во чинијата со млекото и останатите состојки. Мешајте на секое додавање. Потоа префрлете го тестото на работната површина и месете го околу 10 минути. Сега е време да го оставите тестото да нарасне. Префрлете го во чинија премачкана со масло, прекријте го со крпа и оставете го да стои на топло место околу еден час.
Откако ќе нарасне тестото премесете го, поделете го на два дела и развлечете ги деловите со сукало во форма на правоаголници со дебелина од 1 сантиметар. Направете филинг така што ќе ги промешате кафеавиот шеќер и циметот. Премачкајте го тестото со путер и рамномерно ставете од мешавината со цимет и шеќер. Замотајте го тестото и потоа сечете на ролнички со еднаква дебелина. Премачкајте го садот за печење со путер и редете ги ролничките, но не премногу блиску, за да имаат место да нараснат при печењето. Ова е моментот кога може да ги замрзнете и следниот ден само да ги премачкате со изматено јајце и да ги печете. Доколку се одлучите одма да ги испечете, премачкајте ги со изматено јајце, прекријте ги со крпа и оставете ги да нараснат уште половина час. Печете ги на 200 степени во претходно загреана рерна, 15-18 минути.




