Здраво тело

Руски народен лек кој лекува болки во грлото и ангина за еден ден!

Едноставен и многу ефикасен рецепт од руската традиционална медицина за лекување на воспаление на грлото и крајниците и ангина.

Потребно е:

* 1 поголемо цвекло

* 9%-тен алкохолен оцет

Подготовка на лекот и делување:

1-      Цвеклото изрендајте го ситно.

2-      На 250гр изрендано цвекло додадете 1 супена лажица оцет (на 500гр-2 супени лажици).

3-      Измешајте и оставете да отстои 15-20 минути.

4-      Добро исцедете низ газа или пластична цедалка.

5-      Остатоците од цвеклото, фрлете ги.

Дозирање и употреба:

Редовно правете гаргара, на секои 2-3 часа ( може и да го проголтате, за подобар ефект) и резултатите ќе бидат видливи! На овој начин цвеклото успешно го лекува хроничното воспаление на грлото и гнојната ангина.

Write A Comment