Motherhood

Сакате бебе?! Четири совети за вашиот партнер!

Без оглед дали планирате да имате бебе сега, или пак за неколку месеци, години, охрабрете го својот партнер да ги практикува овие здрави навики.

Секојдневно јадење овошје и зеленчук – мажите кои консумираат најмногу намирници богати со антиоксиданси, како што е бетакаротен, витамин Ц и Е произведуваат повеќе сперма од ругите мажи.

Крај за цигарите – цигарите штетат на целиот организам, а особено и на ДНК. Истражувањата покажале дека способноста на сперматозоидите да оплоди една јајце клетка кај пушачите е за 75% пониска, отколку кај  непушачите.

Со лап топ на маса, а не во скут – доколку има навика да го држи лаптопот во скут треба веднаш да престане. Тоа предизвикува зголемување на темепратурата за 5 степени, а со тоа се намалува бројот на сперматозоиди.

Зачинете го својот сексуален живот – новите истражувања покажале дека честите сексуални активности го зголемуваат квалитетот на спермата.

Write A Comment