Тајната на миризливиот пијалок се наоѓа во високата концентрација на маснотии која истовремено го продолжува дејството на кофеинот, па покрај ситоста ќе почувствувате и поголема енергија која ќе ја чувствувате подолго откако ќе го испиете.
Потребно ви е: 1 лажица нес кафе, ½ лажица какао или неколку капки арома на ванила, 1 dl бадемово млеко – 1 dl провриена вода, 1 лажица органско кокосово масло и малку путер.
Земете шолја во која пиете утринско кафе, истурете го нес кафето и какаото и додајте врела вода. Изматете го со миксер за нес кафе, а потоа додајте топло бадемово млеко. На крајот истурете една лажица кокосово масло и малку путер.
Во овој кремаст пијалок сигурно ќе се заљубите на првата голтка, а веруваме и дека ќе го пиете секое утро.
