← НАЗАД НА БОЗА

Сами направете снежна кугла

Сами направете снежна кугла
717 Читања

Ова е одличен полкон за вашите најблиски или украс во вашиот дом.

Снежната кугла е многу едноставна за изработка, а во неа можете да ставите што и да посакате, од новогодишни и божиќни украси па сè до сувенири од ваши патувања, фотографии…

Што ви е потребно?

Сад кој може добро да се затвори (може од стакло или пластика)

Водоотпорно лепило или силикон.

Украс.

Светки

Вода (или подобро проѕирно бебешко масло)

Боја за храна (нијансата одберете ја вие)

Глицерин (може да се набави во аптека)

Најпрво измијте го садот, добро исушете го и избришете го за да нема никакви отпечатоци од внатрешната страна. Со лепилото залепете го украсот на дното од садот или пак на поклопецот, во зависност од тоа како планирате да ја поставите куглата. Кога ќе се исуши лепилото, садот наполнете го со вода, не до врвот бидејќи мора да остане малку воздух.

Во водата по желба можете да ставите глицерин, на пример една голема лажица или дури во размер пола – пола. На тој начин светките пополека ќе паѓаат на дното. Друга опција е наместо вода, во куглата да ставите проѕирно бебешко масло. Во водата по желба, можете да додадете и боја за храна. На крајот додадете ги светките.

Нанесете го лепилото на внатрешниот раб од поклопецот на садот и добро затворете го. Ако садот кој го користите е пластичен, тогаш е подобро да користите силикон, но притоа внимавајте на фактот што на силиконот му требаат околу 24 часа за добро да се  исуши. Поклопецот можете да го обоите во некоја интересна боја или да го облепите со некоја ткаенина.

Ако најдете соодветен сад, снежната кугла може да ја направите и сосема мала и да ја носите како приврзок за клучеви или ланче.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk