Убавина

Секогаш средена: Колку чини да се биде жена?

За да изгледаат добро, жените мора постојано да се шминкаат, да се средуваат и негуваат. Меѓутоа, сето тоа не е така како што изгледа со оглед на тоа дека бара многу време и пари.

Убавината не е само болна, туку и скапа. Една жена која се грижи за себе и за своето тело, знае колку чини секојдневното негување и средување. Не постои една дама која својот ден може да го замисли без шминка, креми и препарати за нега, а сите ние знаеме дека тоа бара многу време и пари.

Студиите кои се спроведени во Велика Британија во соработка со повеќе од 2.000 жени покажале дека просечниот женски комплет вклучува 14 производи, од кои на жените најважни им се маскарата, очна линија и коректор за темните кругови.

Дури 28 проценти од жените признале дека не излегуваат од дома без својот несесер, што покажува дека жените се зависни од шминката и козметиката.

Оваа студија ја потврди теоријата дека убавината и тоа како знае да чини.

Напиши коментар