← НАЗАД НА БОЗА

Секогаш во мода: Црвен капут

Секогаш во мода: Црвен капут
833 Читања

Црвениот капут е впечатлива модна изјава и во него ќе бидете дотерани во секоја прилика. И се разбира забележани.
Дозволете ова стилско парче да биде центарот на вашата комбинација за дневни и вечерни прилики. Иако најчесто се носи во „безбедна“ комбинација со црно, не се плашете црвениот капут да го носи целосниот изглед. Тоа значи дека не мора да се координирате по боја: носете го лежерно со џинс и патики или елегантно со џинс и салонки, со едноставен фустан, поиграјте си со принтовите или пак со нијанси на црвено. Оваа сезона се хит долгите модели на капути, но вие одберете крој што најдобро ви прилега.

 

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk