Motherhood

Сестринската и братската љубов се доказ дека никогаш нема да бидете осамени

Доколку сте единец, не се разочарувајте бидејќи вашите родители и роднини се замена за нив, на кои доколку им обрнете повеќе внимание ќе забележите дека тоа е навистина така.

Кој бил таму за вас, кога ви било најтешко и кој никогаш нема да ве остави на цедило? Сигурно одговорот е братот, сестрата или семејството, четврто не постои.

Ова се уште неколку докази дека братската и сестринската љубов е нераскинлива и безусловна.

– Секогаш кога сте во финанси кризи братот или сестрата се тука да ви помогнат, без да чувствувате должност кон нив.

– Братот или сестрата знаат да дадат искрен совет и критика за разлика од вашите пријатели.

– Братот и сестрата се секогаш тука за вас кога сте соочени со физичка пресметка без разлика колку личности се од спротивната страна. Доколку е потребно би останале со вас иако сте сами вие двајца наспроти десет души.

– Вашиот брат или сестра е секогаш тука за вас да се грижи кога сте болни и да ви направи супа или чај.

– Братот или сестрата се единствени личности со кои може да бидете навистина искрени и прифатени од нивна страна без осудување и без разлика на тоа што ќе излезе од вашата уста.

– Братот или сестрата секогаш ќе го поделат јадењето со вас, иако можеби пакетчето смоки сакале да го изедат сами.

– Братот или сестрата секогаш ќе ве донесат дома кога сте во пијана состојба, ќе ве одведат во вашата соба и ќе ве преслечат, а изутрина ќе се преправаат како ништо да не се случило.

– Братот или сестрата никогаш нема да ги издадат вашите тајни.

– Тишината во друштво на братот или сестрата е пријатна, никогаш нема да почувствувате непријатност доколку нема што да зборувате со нив. Едноставно уживате во нивното друштво молчејќи.

– Братот или сестрата секогаш ќе ве сакаат безрезервно.

Write A Comment