ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 400 г брашно
* 1/2 коцка свеж квасец
* 50 мл масло за готвење
* 300 г сирење (издробено)
* 300 г спанаќ (обарен и ситно исечкан)
* 70 мл млеко
* 150 мл кисела вода
* 80 г маргарин (за премачкување)
* малку сол, црн пипер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
1.Во сад измешајте го брашното заедно со додаваме квасецот и малку сол. Додадете го исечканиот спанаќ, киселата вода, млекото и маслото. Месиете се додека не добиете фино тесто.
2.Оставете го да одмори барем половина час.
3.На нбрашнета површина, тестото пресечете го на 10 еднакви дела.
4.Од секое парче формирајте топче. Од секое топче, со сукало, развлечете кора. Кората премачкувајте ја со растопен маргарин.
5.Врз кората нанесете од дробено сирење. Врз сирењето ставете ја втората кора.
6.Постапката повторете ја со сите топчиња тесто, а последната кора намачкајте ја само со маргарин.
7.Од целото тесто, со сукало, развлечете една поголема кора.
8.Тава за печење попрскувајте ја со растопен маргарин и ставете ја питата во неа. По желба, наросете со сусам и ким.
9.Печете 30 минути на температура од 200 степени. Добар апетит.
