ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
500 мл млеко
кесичка ванилин шеќер
3 жолчки
100 гр шеќер
10 листа желатин
2 лажици сок од портокал
300 гр јагоди
пишкоти
3 лажици сок од јагоди
500 мл слатка павлака
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Сварете го млекото со ванилиниот шеќер. Јајцата и шеќерот пенесто изматете ги и додадете ги во топлото млеко. Желатинот потопете го во ладна вода и оставете го да набабри. Загрејте го сокот од портокал и во него додадете го желатинот и варете на тивок оган. Оставете го малку да се излади, а потоа додадете го во кремот. Изматете ја слатката павлака, па и неа додадете ја во кремот. Пишкотите напрскајте ги со сокот од јагоди и со нив обложете ја подлогата на плехот. Сипете го филот во средината. Наредете околу целата торта пишкоти. На средината наредете листови јагоди. Ставете ја тортата во фрижидер убаво да се излади.
