Светските патници уживаат во откривање на нови нешта и различни култури. Изборот на најдоброто место за вашиот следен одмор понекогаш може да биде комплициран, бидејќи на него влијаат многу фактори. Доколку планирате да заминете во Шпанија, ви предлагаме еден шармантен “Bed&Breakfast” хотел кој се наоѓа во местото Регенкос. На ова место патниците можат да уживаат и да создаваат нови спомени кои подоцна воодушевено ќе ги споделуваат со семејството и пријателите.
“Can Casi” е единственото место кое зрачи со смирувачки вибрации и кај гостите создава чувство на добредојденост. Четирите нови апартмани, шармантно именувани Love, Enjoy, Smile и Keep Calm се првото нешто што ќе го привлече вашето внимание. Секој од нив е фасцинантен на свој начин, има двоен кревет и бања и сите модерни удобности кои ви се потребни. Во сржта на овој пансион се проткаени луксуз и гламур кои нема да ве остават рамнодушни.








